Вработување

 

FZC

Фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ 11 Октомври А.Д. од Куманово чија производна програма ја сочинуваат заварени челични цевки и профили има потреба од три комерцијалистки.

Одговорности и задачи:

  • истражување и сегментирање на домашен и странски пазар
  • изготвување на економски анализи како на пример SWOT,….
  • развој на планови за продажба и имплементација на истите
  • наоѓање нови клиенти и одржување контакти со постоечките
  • склучување договори
  • припрема на тендерска документација и учество на аукции
  • следење на конкуренција како на домашен така и на странски пазар
  • следење на берза и останатите економски и политички фактори кои може да влијаат на цена на суровините
  • промовирање на компанијата на саеми и други настани
  • давање идеи за развој на софтвер за комерцијално работење
  • секојдневно изготвување репорти за сработеното и достава до лице одговорно за неа според организациска структура

Способности/знаења:

  • комуникациски и преговарачки способност
  • трпеливост и способност за решавање на конфликти
  • способност за работа во тим и формирање на тим
  • познабање на основни сметководствени процеси и буџетирање
  • основни познавања од правниот систем
  • одлично познавање на Microsoft Office Packet
  • одлично познавање на Англиски јазик
  • возачка дозвола Б категорија

 

Кандидатката задолжително треба да има завршено Високо образование

 

Сите заинтересирани да испратат мејл на info@fzc11oktomvri.com.mk најдоцна до 08.04.2016