Спроводни цевки

ФЗЦ 11Октомври а.д. е еден од најзначајните производители на спроводни цевки за нафта, гас и вода во Југоисточна Европа и препознатливо име не само на овие простори туку и многу пошироко .

Во изминатиот полу вековен период од непрекинато работење, Фабриката даде голем пирдонес во изградба на сете позначајни цевководи, со што стекна големо искуство и високо реноме за квалитет према најстрогите водечките национални и меѓународни стандарди од оваа област.

Производен програм за спроводни цевки е опфатен на линии за ладно формирање и високофреквентно заварување (HFW) за цевки со мал и среден дијаметар и надолжно заварување под заштита на прашок (SAWL) за цевки со голем дијаметар. Опсег на надворешен дијаметар е од 48,3мм(1,9”) до 1626мм(64”), ѕидна дебелина од 2,3мм до16,0мм и должина од 6,0м до 12,2м.