Надворешна битуменска облога

Поради добрите хидроизолациски својства, битуменот прв започнал да  се  применува како материјал за надворешно  облагање на челични цевки наменети за подземни цевководи за транспорт на вода.

Подготовка на површината на цевката се се иведува со декапирање во сулфурна и солна киселина, потоа се изведува неутрализација и третман со тринатриум фосфат кој овозможува подобра прионливост на основниот слој и неколкудневна заштита од корозија.

Облогата се состои од следниве два слоја:

  • Основен слој од ладен битуменски премаз  нанесен со четки
  • Битуменска маса појачана со стаклен воал во еден или повеќе слоеви. Врз битуменската облога се нанесува гасена вар.

Надворешен дијаметар на цевки (D): 88,9мм до 1620мм

Стандард за изработка на облогата: DIN 30673

Дебелина на облога:

  • мин. 3,5мм – нормална дебелина по DIN 30673
  • мин. 5,5мм – појачана дебелина по DIN 30673

Tест на порозност – испитен напон 25kV

Неизолирани краеви: cca. 100мм

Должина на цевки: 6м до 12м

Секоја цевка однадвор се маркира со боја преку шаблон со податоци кои го содржат името на фирмата, димензија на цевката, материјал и стандард по кој е изработена цевката.