Фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ 11 Октомври А.Д. од Куманово чија производна програма ја сочинуваат заварени челични цевки и профили има потреба од три комерцијалистки.
Одговорности и задачи:
- истражување и сегментирање на домашен и странски пазар
- изготвување на економски анализи како на пример SWOT,….
- развој на планови за продажба и имплементација на истите
- наоѓање нови клиенти и одржување контакти со постоечките
- склучување договори
- припрема на тендерска документација и учество на аукции
- следење на конкуренција како на домашен така и на странски пазар
- следење на берза и останатите економски и политички фактори кои може да влијаат на цена на суровините
- промовирање на компанијата на саеми и други настани
- давање идеи за развој на софтвер за комерцијално работење
- секојдневно изготвување репорти за сработеното и достава до лице одговорно за неа според организациска структура
Способности/знаења:
- комуникациски и преговарачки способност
- трпеливост и способност за решавање на конфликти
- способност за работа во тим и формирање на тим
- познабање на основни сметководствени процеси и буџетирање
- основни познавања од правниот систем
- одлично познавање на Microsoft Office Packet
- одлично познавање на Англиски јазик
- возачка дозвола Б категорија
Кандидатката задолжително треба да има завршено Високо образование
Сите заинтересирани да испратат мејл на info@fzc11oktomvri.com.mk најдоцна до 08.04.2016