Материјали усвоени од вонредно Собрание на акционери – 25.12.2023

Вoнредно собрание на акционери во 2023 година

Јавен Повик за вонредно Собрание на акционери во 2023 год.

Врз основа на член 383,384 и 387 од Закон за трговските друштва, Одборот на директори на Фабрика за заварени цевки и профили 11 ОКТОМВРИ АД – Куманово  објавува јавен повик за одржување на вонредно Собрание на акционери на ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД – КУМАНОВО

Вонредно собрание ќе се одржи на ден 25.12.2023 година со почеток во 12,00 часот во седиштето на друштвото.

Сите детали за овој јавен повик можете да ги превземете од тука.

ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊА ПОСТАВЕНИ НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА 30.05.2023 ГОДИНА ОД СТРАНА НА ПОЛНОМОШНИКОТ НА АКЦИОНЕРИ МАРЈАН ПОПОВСКИ

1. Што е со имотот на Фабриката во Грција?

-за имотот на Фабриката во Грција поточно  – линија за производство на цевки и профили  во Комотини, Грција, Фабриката нема пристап до грчката фирма ниту комуникација со нив. Направена е средба со гркот пред 5/6 години при што на средбата негирал дека постои било каква сопственост на Фабриката таму. Фирмата во која Фабриката инвестирала не работи.

2. Што е со имотот на фабриката во Загреб?

-за имотот на Фабриката во Загреб поточно – стовариште во Велика Горица, Загреб, во тек е постапка за утврдување на сопственост пред Општински суд во Велика Горица.

 3. Колку е бројот на вработените во Фабриката во однос на 2021 година?

-бројот на вработени во Фабриката на 31.12.2021 година – 207 работника додека на 31.12.2022 година – 163 работника.

Материјали усвоени од Собрание на акционери – 30.05.2023

Собрание на акционери за 2023 г.

Информации кои се во врската со Собранието на акционерите за 2023

Јавен Повик за редовно Собрание на акционери во 2023 год.

Врз основа на член 383,384 и 387 од Закон за трговските друштва, Одборот на директори на Фабрика за заварени цевки и профили 11 ОКТОМВРИ АД – Куманово  објавува јавен повик за одржување на редовно Собрание на акционери на ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД – КУМАНОВО. Редовно собрание ќе се одржи на ден 30.05.2023 година со почеток во 12,00 часот во седиштето на друштвото.

Сите детали за овој јавен повик можете да ги превземе те од тука.

Материјали усвоени од Собрание на акционери – 31.05.2021

Јавен повик за годишна седница на Собранието на акционери за 2020 г.

Врз основа на член 383,384 и 387 од Закон за трговските друштва, Одборот на директори на Фабрика за заварени цевки и профили 11 ОКТОМВРИ АД – Куманово  објавува јавен повик за одржување на редовна годишна седница на Собранието на акционери на ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ АД – КУМАНОВО

Годишното Собрание ќе се одржи на ден 31.05.2021 година со почеток во 12,00 часот во седиштето на друштвото.

Сите детали за овој јавен повик можете да ги превземете од тука.

Материјали усвоени од вонредно Собрание на акционери – 2021 година