Управување со квалитет

Определбата на ФЗЦ  11  ОКТОМВРИ  А.Д.  КУМАНОВО е да произведува висококвалитетни производи према меѓународните стандарди со постојано подобрување и унапредување во сите области од работата, со цел да остане  препознатлив бренд во производство на високофреквентно заварени челични цевки, профили и површински заштитени цевки кои во потполност ќе ги задоволат потребите на нашите купувачи на сите пазари во Светот.

Менаџментот на ФЗЦ  11  ОКТОМВРИ  А.Д.  КУМАНОВО како и сите вработени во организацијата остварувањето на визијата и целите за производство и развој на високофреквентно заварени челични цевки, профили и површински заштитени цевки го гледаат во:

  • Доследно спроведување на зацртаната Политика за квалитет и примена на системот за Менаџментот со квалитет
  • Постојано следење на нови меѓународни стандарди и развој на нови современи технологии
  • Осовременување на опремата за производство
  • Едукација на персоналот

Политика за квалитет

ФЗЦ  11  ОКТОМВРИ  А.Д.  КУМАНОВО има визија да постане препознатливо и доминантно име во областа на производство на високофреквентно заварени челични цевки, профили и површински заштитени цевки. Основно мото во работењето на менаџментот и на сите вработени во фирмата е да ги задоволи и надмине барањата на купувачите, обезбедувајки производи со докажан и препознатлив висок квалитет.