Производство

Производство на надолжно електро заварени челични цевки и профили со мал и среден дијаметар, со високофреквентна (HFW) постапка на заваруванје се најзастапени технолошки процеси, но исто така за надолжно заварени челични цевки со голем дијаметар се користи електролачно заваруванје под заштита на прашок (SAW). Освен тоа, во дел од инсталираните капацитети во Фабриката се произведуваат отворени и затворени профили со стандарден и специјален пресек, елементи за соединуванје, ленти за уземјуванје и др.

Во состав на Фабриката работат производни погони за современа антикорозивна заштита од внатрешна и надворешна страна на челични цевки со епоксидна, полиетиленска, цементна, битуменска, цинкова и разни други привремени и трајни премази.

ФЗЦ 11 Октомври а.д. врши инжинаринг услуги и изведува монтажа на цевководи и челични конструкции.

Во изминатиот период од непрекинато производство и учество во изградба на сите позначајни цевководи за вода, гас и нафта, Фабриката стекна огромно искуство и високо реноме со усвојуванје на најстроги критериуми за квалитет во релевантни EN, ISO и водечки национални стандарди ( API; ASTM; DIN; BS; NF; UNI; GOST и др.) Голем број од широкиот асортиман на производи ФЗЦ 11 Октомври а.д. Куманово пласира во соседните земји на Балканот, но исто така и во земјите на Западна Европа.

Гаранција за успешност во работенјето е поседување на Интегриран систем за управување со квалитет, животна средина, здравје и безбедност при работа ISO 9001/2009, ISO 14001/2004 и BS OHSAS 18001/2007 , како и сертификати за квалитет на производи; API5L/44, TUV; PED93/23/EC и др.