Комерцијални производи

ФЗЦ 11 Октомври а.д. располага и нуди голем дел од својот широк асортиман на стандардизирани производи за општа намена како :

  • цевни елементи во инсталации за течни и гасни флуиди,
  • конструкциони елементи во градежништво, индустрија, земјоделие, сообраќај и други свери од стопанството.

Овие комерцијализирани производи, зад кои стои полувековно искуство и традиција, станаа препознатливи на домашниот пазар , на пазарите во соседните земји од Регионот и на Европскиот Пазар,

Во денешно време кога националните стандарди од оваа област се унифицирани преку единствените европски стандарди , а динамиката на современите технологии ги донесе челичните цевки скоро во сите свери од секојдневниот живот, обврска на Фабриката е да излезе во пресрет на желбите на потрошувачите, нудејќи во секое време задоволителни количини од своите производи.